More

    „Русите прават се за да умреме сите. Граѓаните на Киев треба да размислат за заминување“

    spot_img

    Киев се соочува со можни прекини на електричната енергија и прекини на водоводните и топлинските мрежи предизвикани од руските напади, изјави градоначалникот Виталиј Кличко за украинската државна телевизија.Жителите на главниот град треба да направат акции и да размислат за привремено иселување, рече Кличко во саботата вечерта.

    Тој го опиша како најлошото можно сценарио. „Правиме се што можеме за да се погрижиме работите да не дојдат до ова“, рече тој.

    „Но, ние сакаме да бидеме отворени. Нашите непријатели прават се што можат овој град да го остават без греење, без струја и без вода – накратко, сите да умреме“, рече градоначалникот на Киев.

    Тој процени дека во градот има околу три милиони луѓе, вклучувајќи 350.000 внатрешно раселени лица.

    Киев се обидува да ја стабилизира својата електрична мрежа со повремени затемнувања што оставаат делови од градот во темница неколку часа и распоредува 1.000 помали топлани во случај да се прекине топлинската мрежа.

    Кличко, познат како поранешен светски шампион во бокс, го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека сака да ја уништи Украина како нација. „Нам Украинците не ни треба Путин. Му треба регионот, му треба Украина без нас“.

    На 24 февруари Русија започна инвазија на соседна Украина и оттогаш прогласи четири региони на југ и исток како дел од руската територија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img