More

    Русија ја чекаат седум сценарија како во „Лудиот Макс“?

    spot_img

    Советникот во украинското Министерство за внатрешни работи, Антон Герашченко смета дека Русија ја чека сценарио како од филмот „Лудиот Макс“ по  неуспешниот бунт на Евгениј Пригожин во саботата.

    Герашченко на својот Твитер објави седум можни расплети на сегашната ситуација.

    „1. Во Вагнер веќе започнаа поделби меѓу оние кои се чувствуваат искористени и оние кои останаа лојални на Пригожин по неуспешниот бунт.

    2. Пилотите на ловците, наводно, излегле од „Вагнер“ поради нивното несогласување со начинот на кој вчера биле уништени авионите и хеликоптерите на руските воздушни сили.

    3. Се урна вертикалата на моќта.

    Никој повеќе не може да се чувствува безбедно во Русија. Ниту функционерите, ниту олигарсите, ниту офицерите на ФСБ кои мислеа дека се господари на животот. Путин вчера стави крај на монополот на насилство во Русија. Докажано е дека фракциите со повеќе оружје и одлучност одлучуваат за сè.

     

     

    4. Русија може да се соочи со крвава војна, не со граѓанска, туку со војна на кланови, вооружени групи и приватни војски: Чеченци, поддржувачи на Пригожин, вооружени платеници, кои ќе се отцепат од Пригожин или други приватни војски и ќе бидат ангажирани од локални кланови за заштита од инвазија на надворешни лица.

    Сите големи бизнисмени и олигарси веројатно ќе создадат (ако веќе не направиле) приватни војски, како што веќе направи (компанијата) „Газпром“ за да се заштити.

    Конфликтите и прераспределбата на имотот ќе се решаваат насилно. Ќе бидат ова новите 90-ти, но многу полоши – како во стилот на дистопискиот акционен филм „Лудиот Макс“.

    5. Руската армија, се чини, де факто престана да постои како единствена структура. Војниците и офицерите кои седеа во рововите, во масакрот што го иницираше Путин, веројатно вчера конечно ја сфатија целосната бесмисленост на војната против Украина, заедно со фактот дека група криминалци во позадина можат да патуваат 600 километри на ден и да збришат сè што ќе им се најде на патот, а потоа да бидат амнестирани по убиството на пилот и цивил.

    6. Украина е неколку чекори поблиску до целосно враќање на нејзиниот територијален интегритет, вклучувајќи го и Крим.

    7. Каква штета што овој циркус не заврши со самоуништување на режимот на Путин и фракцијата на Пригожин.

    „Но, верувам дека тоа ќе се случи повторно во уште поголем обем“, заклучува Герашченко во постот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img