More

    Основачот на Викиликс доби право на жалба против екстрадицијата во САД

    spot_img

    Борбата на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж да избегне екстрадиција во САД доби огромен поттик откако Високиот суд во Лондон денеска пресуди дека американските гаранции во неговиот случај се незадоволителни и дека тој ќе добие целосно жалбено сослушување, односно право на жалба против екстрадицијата во САД.

    Асанж денеска не се појави на суд поради неговата здравствена состојба, но неговите адвокати истакнаа дека тој не треба да биде екстрадиран во САД, каде е осомничен за масовно протекување на доверливи документи, што потенцијално би го загрозило неговото право на слобода на говор.

    Двајца судии треба да одлучат дали се задоволни од американските уверувања дека Асанж (52) може да го искористи Првиот амандман од американскиот Устав, кој ја гарантира слободата на говорот, додека му се суди за шпионирање.

    Британскиот суд бара и гаранции од САД дека за време на потенцијалното судење или изрекување казна против Асанж нема да има предрасуди бидејќи е австралиски државјанин.

    Веројатно најважната гаранција што Лондон ја бара од Вашингтон е уверувањето дека Асанж, доколку биде осуден, нема да добие смртна казна.

    – Доколку овие гаранции не се обезбедат, тогаш ќе биде одобрено поднесувањето жалба и ќе се одржи ново рочиште во врска со таа жалба – пишува во пресудата, која ја објави Би-Би-Си.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img