More

    Rolls-Royce го претстави својот прв електричен седан од 380.000 евра.

    spot_img

    Производителот на луксузни автомобили Rolls-Royce се подготвува засекогаш да се збогува со моторот со внатрешно согорување и го претстави новиот Spectre, неговиот прв целосно електричен автомобил.

    Првите испораки ќе започнат во четвртиот квартал на 2023 година, а цената засега е непозната, но таа ќе биде некаде помеѓу цената на теренецот Cullinan и Phantom, која е околу 380.000 евра.

    „Мислам дека Spectre е најсовршениот производ што Rolls-Royce го има направено досега“, се пофали генералниот директор Торстен Милер-Отвос.

    Според првите податоци, моторот е 577 КС, а вртежниот момент е 900 Nm.

    Производителот наведува дека ќе бидат потребни околу 4,5 секунди за забрзување од 0 до 100 km/h, но брзината се уште не е официјално објавена.

    „Конечната моќност, забрзувањето и опсегот допрва треба да се дефинираат“, велат од Rolls-Royce.

    Точниот капацитет на батеријата се уште не е познат, но е во опсег од 520 километри и потрошувачка од 20 kWh/100 километри.

    Понатаму, Spectre е најаеродинамичниот модел на Rolls во историјата со коефициент на отпор од 0,25.

    Внатрешноста на Spectre е технолошки најнапредната кабина досега за модел на Rolls-Royce и во целина новото возило обезбедува најлуксузно искуство во возењето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img