More

    „Родителски фронт“ повикува на протест против ЛГБТ-индоктринација

    spot_img

    Под мото „Разбудете се, ни доаѓаат по децата!“ за денеска во 18 часот на плоштадот Гоце Делчев во Струмица граѓанската иницијатива „Родителски фронт“ повика на протест  против манипулативните и тенденциозни содржини во учебниците во средно обравание, со кои како што се вели, се врши психолошка индоктринација на малолетни лица од позиции на родови идеологии.

    Како пример и илустрација на ваквата пропаганда во повикот се наведуваат извадоци од Работни листови по предметот Образование за животни вештини што се предава во сите средните училишта како изборен предмет.

    „Погледнете ги сликите за да видите што учат нашите средношколци и како ги мотивираат на критичко размислување и со преиспитување ги подготвуваат за одлуките во животот.

    • Доколку не сте имале сексуален однос со припадник на вашиот пол, дали е, сепак, можно да сте хомосексуалец/ка?

    • Ако хетеросексуалноста е нормална, тогаш зошто толку многу хетеросексуалци се лица со ментални нарушувања?

    • Најголемиот број лица што злоставуваат деца се хетеросексуалци. Дали сметате дека е безбедно вашето дете да го праќате на училиште каде повеќето наставници се хетеросексуалци?

    • Дали би сакале вашето дете да биде хетеросексуалец/ка знаејќи ги проблемите со кои се соочуваат како прељуби, болести, разводи?

    Некој ќе рече дека ова е психолошка индоктринација на малолетни лица, ама ризикува да му се пуштат од активистите од Хелсиншки комитет или нивните поранешни колеги сега во Комисијата за заштита од дискриминација.

    Дали ова е дел од Сеопфатно Сексуално Образование (ССО) и базирано на родовите идеологии што министерката Јована Тренчевска од петни жили се бори да ги има задолжително во секој сегмент на формалното образование?

    Дали можеби ова е логичен след на нештата, оставени во наследство од поранешната министерка Мила Царовска, согласно нејзината концепција за основно образование?

    Или пак е ефективен резултат од повеќедецениските активности на пропагандистите на Хера и ним сличните организации чии родови политики веќе се инфилтрирани во повеќе државни институции и политички партии?

    Разбудете се! Се гледаме на протест во 18 часот на плоштадот Гоце Делчев во Струмица!“ – се вели во повикот на профилот „Родителски фронт“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img