More

    Родител тргна да тепа дете на сред натпревар

    spot_img

    Натпреварите меѓу „вечните ривали“ Работнички и МЗТ Скопје, отсекогаш биле тензични без разлика во која категорија се одигрувале, но тоа што се случи на дуелот од кошаркарската М14 лига, навистина претставува срамен инцидент. Имено родител на еден од гостинските играчи се симна на терен и се обиде физички да нападне дете од таборот на „центарци“.

    На инцидентот претходеше мал конфликт меѓу кошаркарите на двата тима, но шокот настана кога неодговорниот родител ја прескокна оградата во салата „Градски Парк“ и тргна кон детето на Работнички.

    Следеше и кратка физичка пресметка со едно од присутните лица на паркетот, по што настана хаос, пред состојбата конечно да се смири.

    – На денешниот натпревар каде што нашите најмлади кошаркари остварија убедлива победа,имаше немили сцени. Каде што родители од спротивната страна (МЗТ Скопје) се обидоа физички да нападнат малолетно дете, кошаркар од тимот на Работнички. Пред се ова е срам за кошарката, особено кога во прашање е натпреварување на малолетни деца до 14 години. Нашиот став и мислење е дека вакви непосакувани настани не треба да поминат неказнети и се надеваме дека надлежните органи ќе превземат соодветни мерки – објави КК Работнички, крај видеото од овој немил настан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img