More

    Ријана стана најмладата милијардерка во САД

    spot_img

    Пејачката од Барбадос, Ријана (34) е и најмладата само-направена милијардерка во САД. Тоа значи дека таа сама го изградила своето богатство и дека во моментот е најмладата меѓу сите такви успешни претприемачи во Америка.

    Таа не пораснала во облакодер на Менхетен или во Холивуд Хилс, Лос Анџелес, но денес може да си ги дозволи најубавите куќи токму на такви места и многу повеќе, бидејќи нејзиното лично богатство се проценува на 1,4 милијарди долари.

    Ријана во светот на музиката и шоу-бизнисот влезе на многу млада возраст, а од пред неколку години е на чело на популарните козметички брендови – „Fenty“ и „Fenty Beauty“, кои ѝ донесоа огромен профит. Ријана е сопственик и на модниот бренд „Savage X Fenty“.

    Според Си-ен-би-си, Ријана неодамна трета година по ред се најде на врвот на годишната листа на „Форбс“ за најбогати само-направени жени во Америка. Таа се рангираше на 21-то место во целина и е единствената милијардерка на таа листа – помлада од 40 години.

    Добар дел од парите дојдоа од нејзината музичка кариера, но најголемиот дел од нив доаѓа од овие три малопродажни компании. „Блумберг“ во март објави дека компанијата за долна облека „Savage X Fenty“ соработува со советници на ИПО, што потенцијално може да се процени на 3 милијарди долари.

    Ријана поседува 30 отсто од таа компанија, а поседува и половина од „Fenty Beauty“, која имаше приход од 550 милиони долари во 2020 година. Другата половина од компанијата е во сопственост на францускиот луксузен моден конгломерат LVMH. Бројките се импресивни, но пејачката и претприемач рече дека нејзиниот фокус не е на процените и признанијата.

    Во 2019 година, таа изјави за „Т магазинот“ на „Њујорк тајмс“ дека, бидејќи никогаш не планирала да заработи богатство, постигнувањето финансиски пресвртници „нема да ја спречи да работи“. Деветкратната добитничка на наградата Греми истакна и дека во секој случај заработените пари сака да ги насочи кон работи кои се важни.

    – Моите пари не се за мене; секогаш постои помислата дека можам да помогнам на некој друг – рекла таа. „Светот навистина може да ве натера да верувате дека погрешните работи се приоритет и тоа ве тера навистина да ви недостасува суштината на животот, она што значи да се биде жив“.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img