More

    Реал повторно налета на Сити, ПСЖ ја доби Барселона

    spot_img

    Три од Шпанија, по две од Германија и Англија и еден француски тим го продолжуваат походот по најпрестижниот фудбалски клупски трофеј. Во просториите на УЕФА се одржа ждрепката за четвртфиналната фаза во Лигата на шампионите, која според паровите ќе донесе многу возбудувања и неизвесност.

    Бранителот на титулата, Манчестер Сити, кој одново е прв фаворит за трофејот, во четвртфиналето ќе се судри со екипата на Реал Мадрид.

    Реал Мадрид и Манчестер Сити по петти пат ќе се соочат меѓу себе во елиминациите во Лигата на шампиони, а трета сезона по ред. Откако лани Сити го елиминираше кралскиот тим во полуфиналето на патот до шампионската титула, тоа го направи и Реал една година претходно во истата фаза. Оваа сезона двата гиганти ќе се соочат во четвртфиналето.

    Четвртфинални парови ЛШ:

    Арсенал – Баерн Минхен

    Атлетико Мадрид – Борусија Дортмунд

    Реал Мадрид – Манчестер Сити

    ПСЖ – Барселона

    фото: Принтскрин/УЕФА

    Првите четвртфинални натпревари се закажани за деветти и десетти април, додека реваншите се играат седум дена подоцна.

    Многу веројатно ова беше последната ждрепка во Лигата на шампионите во историјата во која главен фактор е човекот, затоа што од следната сезона главна улога на ждрепките ќе има технологијата.

    По завршувањето на ждрепката за четвртфиналната фаза во Лигата на шампионите, извлечени беа и полуфиналните броеви.

    Нема сомнение дека нè очекуваат мега дуели во втората елиминациона фаза, а во полуфиналето ќе биде уште повозбудливо.

    Победникот од двомечот меѓу Арсенал и Баерн Минхен ќе се судри со подобриот од Реал – Сити, додека другото полуфинале ќе го сочинуваат поуспешните екипи од двомечите меѓу Атлетико Мадрид – Борусија Дортмуд и ПСЖ – Барселона.

    Првите четвртфинални натпревари се играат на деветти и десетти април, а реваншите една седмица подоцна. Полуфиналињата се закажани за крајот на април и почеток на мај, додека големото финале на „Вембли“ ќе се одигра на први јуни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img