More

    Во кинескиот Универзитет за економија и право се воведе изборен предмет по македонски јазик и култура со цел студентите да се запознаат со богатата култура, јазикот, традициите и со културното наследство на Македонија

    spot_img

    Во кинескиот Универзитет за економија и право се воведе изборен предмет по македонски јазик и култура со цел студентите да се запознаат со богатата култура, јазикот, традициите и со културното наследство на Македонија. Досега се пријавиле 200 студенти.

    На свечената промоција на новиот изборен предмет, кинескиот амбасадор во земјава Џанг Зуо и амбасадорот на Македонија во Кина, Сашко Насев, на 26 февруари имаа обраќање преку видео-врска.

    Амбасадорот Џанг Зуо рече дека се надева оти студентите ќе учат за јазикот и за културата на Македонија промовирајќи ги заедничките вредности на мирот, правдата, демократијата и на слободата за целото човештво.

    Амбасадорот Насев во своето обраќање ја истакна важноста на македонскиот јазик. Тој додаде дека македонската култура има многу репрезентативни и посебни народни обичаи, како и нематеријално културно наследство.

    Тој го пофали интересот на учениците за македонскиот јазик и култура и ги охрабри да учат посветено. Насев се надева дека кинеските студенти ќе имаат можност да ја посетат Македонија.

    Студентите преку овој курс ќе стекнат подлабоко разбирање за основите на македонскиот јазик, граматиката, вокабуларот и разговорните вештини, како и запознавање со македонските обичаи, традиции и уметнички манифестации.

    Професорката Фросина Виткоска од Факултетот за странски јазици го предава предметот „Македонски јазик и култура“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img