More

    Ковачевски не е сигурен дека „Синохидро“ треба да добие втора шанса

    spot_img

    Собранието во новиот состав ќе одлучи на кој начин ќе продолжи проектот – дали со истиот изведувач или на крај ќе се бира изведувач којшто има покажано дека може да направи пат. Она што мора да се направи е првин тој пат да се заврши, бидејќи граѓаните на цела држава го заслужуваат, Охрид како најголем туристички центар тоа го заслужува и таму треба да се работи со забрзано темпо.

    Ова го изјави лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по увидот во изградба на локални улици во населба Хиподром, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

    -Во моментов само еден податок ќе ви дадам, на завршени делници на патот којшто е завршен некаде 80-85%, во последниот квартал на минатата година имаше 13 свлечишта со огромни количини на земја паднати врз нив коишто сега треба да се чистат, одново да се проектираат – рече тој.

    Тој додаде дека има некои косини, коишто, како што рече, уште тоа време пред 10 години не се предвидело дека на крај завршуваат во Албанија, колку лошо биле проектирани.

    -Затоа сметам дека она што го направи Министерството за транспорт и врски е добра работа што се повика експерт којшто треба да направи анализа на се’ она што е направено досега, ревизија на она што е направено досега и Парламентот бидејќи се работи за договор којшто е со закон донесен, самиот договор е закон во Собранието Собранието во новиот состав да одлучи на кој начин ќе продолжи проектот – дали со истиот изведувач или на крај ќе се бира изведувач којшто има покажано дека може да направи пат – рече лидерот на СДСМ.

    Кога се прават набрзина проекти пред избори, како што рече, резултатот е ваков.

    -Меѓутоа, ова исто така и потврдува уште една работа, а тоа е дека кога се прават набрзина проекти пред избори, а овој проект за Кичево – Охрид беше направен баш пред избори во последниот мандат на владата на ВМРО-ДПМНЕ пред 2016 година каде што и самите тие нивни колеги кои учествуваа во проектирањето кажуваат дека тоа било набрзина направено, по гугл мап се правеле рутите, поминувале преку резервоари за вода, преку гробишта, косини непроектирани, свлечишта непроектирани, експропријации незавршени и затоа е и одолжена таа работа – рече Ковачевски.

    Тој додаде дека  веднаш штом ќе се спроведе нов анекс во Собранието или нова одлука која што ќе ја дадат пратениците во Собранието, проектот ќе продолжи, бидејќи, како што рече, тој договор е со Закон во Собрание донесен уште пред 10 години.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img