More

    72 случаи на ковид-19, расте бројот на заболени од сезонски грип

    spot_img

    Вкупно 47 пациенти со грип биле прегледани на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје од почетокот на годинава, информира директорката на Инфективната клиника во Скопје Милена Стевановиќ. Во последните 24 часа на Клиниката се прегледани 22 лица со грип.

    На Инфективната клиника во Скопје ноќеска биле примени двајца пациенти со ковид, од кои едниот во тешка состојба, но со друга основна болест.

    – Имаме вкупно четири пациенти на клиниката – рече Стевановиќ.

    Директорот на Институот за јавно здравје Шабан Мемети за МИА информира дека вкупно 72 случаи на ковид-19 се регистрирани од 25 до 31 декември. Најмногу од нив, 39 се во Скопје, 12 во Прилеп, 10 во Охрид.
    Во Детската клиника „Козле“ дневно има до 200 деца во амбулантско-поликлиничкиот дел, што поминуваат низ консултативните амбуланти.

    Доктор Мирјана Поповска, специјалист педијатар во оваа болница за МИА изјави дека во моментов има околу шеесетина хоспитализирани деца.

    – Најчесто станува збор за инфекции на долните дишни патишта. Најранлива, најзасегната категорија се доенчињата до една година, појасни Поповска.

    Таа додаде дека и во декември ги имале приближно истите бројки на пациенти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img