More

    Ќе има измени во Министерството за политички систем, најави Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ

    spot_img

    „Спорт во рамки на канцелариите нема да се практикува, постојат спортски сали за тоа. Вториот дел мене како правник ми пречи тоа што ова министерство се нарекуваше „за политички систем“ кога знаеме дека сè ова што ние го работиме е политички систем. И Собранието е политички систем, Владата, дури и судовите се политички систем“.

    Вака вели Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за Радио Слободна Европа. Тој најави дека во новата влада најверојатно нема да има вицепремиери како што беше пракса во претходната, а дека ќе има трансформација во Министерството за политички систем.

    – Тоа е таа поделба на власта кај нас која постои и е на три дела. Беше чудно што еден министер е задолжен за цел политички систем во државата односно за еден ресор. Така што мислам дека ова ќе се трансформира само во Министерство за односи меѓу заедниците додека политичкиот систем има една малку поширока димензија – објаснува Андоновски.

    Според него „треба да има човек во Влада кој ќе се грижи за политички систем, но тоа да има една поширока димензија, а не ресорски со сектори и мислам дека оперативно ќе почне да работи ова министерство во смисла за правата на сите заедници“.

    Андоновски најави и дека ВМРО-ДПМНЕ разговара и со други политички партии за зголемување на владиното мнозинство што би било бенефит за носење крупни законски одлуки.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img