More

    МВР: Не е точно дека првиот синдикалец на контролорите на летање е уапсен, туку само е повикан на службен разговор, затоа што за него има пријава за заканувања и заплашувања

    spot_img

    Не е точно дека првиот синдикалец на контролорите на летање е уапсен, туку само е повикан на службен разговор, затоа што за него има пријава за заканувања и заплашувања, појасни Министерството за внатрешни работи денеска во соопштение.

    Вчера беше објавено дека претседателот на Синдикатот на контролори на летање Александар Тасевски бил повикан во полиција да даде изјава, откако двајца директори на македонската навигација (М-НАВ) се пожалиле дека им се заканувал на Фејсбук.

    „Во врска со дезинформациите кои се пласираат во одредени портали во врска со извршениот службен разговор со А.Т., вработен во МНАВ, ја информираме јавноста дека Министерството за внатрешни работи постапува како и секогаш, согласно законските обврски. Секогаш кога ќе биде поднесена пријава од граѓанин за заканување или заплашување, МВР го поканува лицето против кое е поднесена пријава за да се изврши службен разговор. Тоа е направено и во конкретниот случај. По добиената пријава од Ф.Х. и Д.Х., раководни лица во МНАВ за испратени закани по меил од страна на А.Т., извршена е консултација со јавен обвинител, по што е направен записник за примање пријава. На 3 јануари 2024 со покана е повикан А.Т. и со него е извршен службен разговор. Напоменуваме дека лицето не е лишено од слобода туку е извршен службен разговор со цел расчистување на случајот. По документирање на случајот, до ОЈО ќе биде доставен соодветен поднесок за нивно натамошно постапување.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img