More

    Рафинериите избегнуваат да бидат видени како купуваат од Русија

    spot_img

    Кинеските државни рафинерии ги почитуваат постојните договори за руската нафта, но избегнуваат да склучат нови и покрај големите попусти кои Русија им ги нуди. Ројтерс пишува дека фирмите го слушаат повикот на Пекинг да бидат претпазливи додека западните санкции се зголемуваат против Русија, изјавија шест анонимни извори. Рафинериите нејќат јавно да бидат видени дека купуваат од Русија.

    Државната рафинерија „Синопек“, најголемиот рафинер во Азија, „ЦНООЦ“, „ПетроКина“ и „Синохем“ останаа на маргините во тргувањето со свежи руски товари нафта за месец мај, рекол изворот кој сакал да остане анонимен.

    Кинеските државни фирми не сакаат да бидат видени како отворено да ја поддржуваат Москва со купување на дополнителни количини нафта, рекоа двајца од луѓето, откако Вашингтон ја забрани руската нафта минатиот месец, а Европската унија воведе санкции на главните руски извозници „Роснефт“ и „Газпром Нефт“.

    Компаниите „Синопек“ и „ПетроКина“ одбиле да дадат коментар на темата.

    Кина и Русија развија сè поблиски врски во последниве години, а неодамна во февруари објавија партнерство „без ограничувања“. Кина, исто така, одби да ја осуди руската операција во Украина или да ја нарече окупација.

    Кина постојано ги критикуваше западните санкции против Русија, иако висок дипломат во саботата рече дека Пекинг намерно не ги заобиколува санкциите кон Русија.

    Кина, најголемиот увозник на нафта во светот, е најголемиот купувач на руска сурова нафта со 1,6 милиони барели дневно, од кои половината се испорачуваат преку цевководи според договори меѓу двете влади.

    Изворите очекуваат кинеските државни фирми да ги почитуваат нејзините долгорочни и постоечки договори за руска нафта, но да се држат настрана од новите спогодби.

    Падот на кинескиот увоз на руска нафта може да ги натера нејзините гигантски државни рафинерии да се свртат кон алтернативни извори.

    Во меѓувреме цената на нафтата се искачи до 140 долари за барел, најмногу во последните 14 години.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img