More

    Радев се сретнал со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, на самитот на Европската политичка заедница кој се одржува во Молдавија

    spot_img

    Шефот на бугарската држава, Румен Радев, денеска се сретнал со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, на самитот на Европската политичка заедница кој се одржува во Молдавија.

    Како што информираат од прес-службата на бугарскиот претседател, Радев изразил благодарност за навремената реакција и одлучната поддршка од ЕП за бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, кому на почетокот на мај годинава му беше забранет влез во Македонија.

    Претседателот Радев истакнал дека овој чин е спротивен на европските принципи и рекол дека прикажува непочитување на претставник на институција на ЕУ.
    Шефот на бугарската држава изјавил и дека ова не е изолиран случај во кој Македонија ги нарушува добрососедските односи, пренесува „БТА“.

    Во објавата се додава дека „како особено алармантен развој на ситуацијата во Македонија, Радев ги издвоил јавните изјави на високи претставници на државата за подготвените црни списоци за бугарските граѓани, вклучително и политичарите, на кои им е забранет пристапот до територијата на Македонија“.

    – Овој пристап го покажува непремостливото наследство од тоталитарното минато и ја открива потребата од суштински реформи во земјата за да се надмине – ѝ кажал Радев на Мецола, објавиле од прес-службата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img