More

    Пучот во Нигер објавен на телевизија, никој не знае каде е претседателот

    spot_img

    „Ние, одбранбените и безбедносните сили… одлучивме да ставиме крај на режимот што го знаете. Ова следи по континуираното влошување на безбедносната состојба и лошото економско и социјално владеење“.

    Вака на телевизија се обрати полковникот мајор Амаду Абдрамане од Нигер, заедно со девет други униформирани војници зад него. Војската го изврши пучот во земјата и уште го држи под контрола претседателот Мохамед Базум, пишува Би-Би-Си.

    Во очи на самитот на африканските лидери во Санкт Петербург, Нигер доби претседател кој се приклонува кон Западот. Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, во свој повик на претседателот Базум му вети „непоколеблива поддршка“.

    Сега војниците ги суспендираа сите иниституции и ги затворија границите на оваа западноафриканска земја. Уште е нејасно на чија страна е војската која го држи претседателот. Дали тие се борат против исламистичката милитантност која владее во нивното соседство? Тука се пред сѐ ддвете соседни земји на Нигер, Мали и Буркина Фасо, кои доживеаја преврати предизвикани од џихадистичките бунтови во последниве години.

    Во двете земји, новите воени лидери се разидоа со Франција, поранешната колонијална сила, која исто така порано владееше со Нигер. Сега, претседателот Базум станува клучен сојузник на Западот.

    Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, исто така, рече дека разговарал со претседателот и понудил целосна поддршка од ОН.

    Каде се наоѓа Базум е нејасно, но во изјавата на социјалната медиумска платформа Твитер во четвртокот наутро тој рече дека „тешко стекнатите придобивки ќе бидат заштитени“ и дека Нигеријците кои ја сакаат демократијата ќе се погрижат за тоа.

    – Се бара од сите надворешни партнери да не се мешаат. Копнените и воздушните граници се затворени додека не се стабилизира ситуацијата.

    Тој додаде дека ноќниот полициски час ќе стапи на сила од 22:00 до 05:00 часот по локално време до понатамошно известување.

    Нигер се бори со два исламистички бунтови – еден на југозапад, кој го зафати Мали во 2015 година, а другиот на југоисток, во кој се вклучени џихадисти со седиште во североисточна Нигерија.

    Во земјата се активни милитантните групи кои се сојузници и на Ал Каеда и на Исламската држава.

    Во соседно Мали, тешко вооружени руски платеници „Вагнер“ му помагаат на воениот режим во борбата против џихадистичките бунтовници. Всушност, немирите во Нигер се надоврзуваат на постоечката вознемиреност на Западот за операциите на „Вагнер“ и нестабилноста на регионот Сахел.

    Нигер доживеа четири државни удари од независноста од Франција во 1960 година, како и бројни обиди за пуч.

    Претходно во средата, толпи во главниот град на земјата Ниамеј излегоа на улиците во знак на поддршка на претседателот Базум. Репортерот на Би-Би-Си, исто така, видел силно вооружени сили лојални на претседателот стационирани околу националната телевизија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img