More

    Производителите добиваат по 3 денари за килограм предадено овошје и зеленчук

    spot_img

    Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше исплатата на допоплнителните директни плаќања за градинарски и овошни култури предадени во преработувачки капацитети.

    Како што соопшти Агенцијата, 3.942 градинара добиваат поддршка од 230 милиони денари, а на 178 овоштари им се исплатени над 16 милиони денари.

    Висината на директните плаќања за овие две подмерки е 3 денари по килограм.

    Корисници во делот на градинарството се земјоделските стопанства кои имаат засадени површини со градинарски култури и се корисници од подмерка 1.4, а кои оствареното производство го предале во преработувачки капацитети за зеленчук директно или преку еден регистриран откупувач во период од 26 декември 2020 до 25 декември 2021 година, вклучително и произведените градинарски култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет – запишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

    Во делот на овоштарството, исплатени се средства за дополнителни директни плаќања од подмерката 1.7 за овошни култури предадени во преработувачки капацитети. Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат засадени површини со вишна, малина, капина, аронија, гоџи бери, кајсија, јагода и киви  кои оствареното производство на овошје го предале во преработувачки капацитети за овошје директни или преку еден регистриран откупувач во период од 26 декември 2020 година  до  25 декември 2021 година , запишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

    Фото: Unsplash

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img