Украинскиот суд одреди притвор за министерот за земјоделство, Миколи Солски, кој е обвинет за вмешаност во нелегално купување на државно земјиште во вредност од околу седум милиони долари. Кауцијата за него е 1,9 милиони долари, пренесува Ројтерс.
Солски ги негира обвинувањата кои се однесуваат на купување во 2017 година и во 2021 година, пред да стане министер за земјоделство во март во 2022 година. Тој во четвртокот поднесе оставка, но технички останува на функцијата, се додека парламентот не го разгледа неговото барање за повлекување од ресорот.
Тој е првиот украински министер кој е обвинет за корупција од кога на власт е претседателот Володимир Зеленски и се соочува со затворска казна до 12 години.