More

    Магарешка судбина на СДСМ!Како Јован Мирчески – Пупе му пресуди на СДСМ?

    spot_img

    Потопот кој СДСМ го доживеа во првиот круг на претедателските избори, воопшто не е случаен,нешто за што говорев и пишував две години наназад.Тогаш ,оние самобендисани идеолози по принципот „Јас ,тате и бате“,поддржани од централата на СДСМ од Бихачќа,тераа магарешки инает,дечките предводени од „старлетата“од Велгошти и кланот на  „Јас ,тате и бате (самопрогласен адвокат на мафијата)“,а од друга страна лидерот на СДСМ Ковачевски, за кого цели улици во Охрид се затвораа,како би пиле кафе со негов другар,дел од кланот на „Јас ,тате и бате“,само ја наговестуваа магарешката судбина на СДСМ!

    Сменете све што е поставено од Венко, да живее Венко!

    Од како ударната игла на СДСМ Венко Филипче замина од министерската функција,а по доваѓање на двоецот Ковачевски-Зечевиќ на чело на СДСМ,започнаа и поделбите во таборот на СДСМ.Тогаш во тоа време паднаа наредби , све она што било поставено од Венко Филипче на раководни функции во здравствениот систем,експресно преку ноќ да бидат разрешени,а на нивно место да се вратат кадрите на СДСМ кој биле разрешени од Филипче поради криминални деанија,поточно да се поставеле стари проверени кадри од криминалното милие!таков беше случај со ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид ,ЈЗУ Општа Болница Охрид ,Битола, а колаициските партнери од албанскиот  блок на СДСМ во владата , ваквата одлука на дечките на СДСМ ја дочекаа со восхитување,па така ваквиот магарешки инает на СДСМ , допринесе министрите од албанските партии од здравствен систем да создадат свој партиски систем,каде се вработуваа лекари со фалсификувани дипломи,зошто ако може СДСМ да поставува директор со јавно објавена фалсификувана диплома, зошто албанци да не можат со фалц дипломи да постанат лекари, со тек на време ќе научат да лекуваат , нели на грешки човек се учи?!

    Од кога урнисаа се што може да се урниса во здравствениот систем, повторно им текна ,дека само Филипче може да им ја ублажи катастрофата,но не осознале дека една ластовица , не создава Пролет!

    Превозникот Јован Мирчески – Пупе , му пресуди на СДСМ во 5-та изборна единица!

    5-тата изборна единица од секогаш историски била репер за политичкиот успех или неуспех на партиите,не за друго , туку повеќе од фактот дека скоро сите изборни политики на балканско ниво се кројат во Охрид и Битола.

    Феноменот на ЗНАМ,која партија едвај три месеци е на политичката сцена во Македонија,може слободно да се каже ,дека ја порази СДСМ во целост.Освоените 83.787 гласови на кандидатот на ЗНАМ ,Максим Димитриевски на ниво на Македонија,јасно отсликува ,дека времето на СДСМ и двоецот Ковачевски-Зечевиќ е завршена приказна ,како и фактот дека по ваквиот пораз СДСМ полека исчезнува од политичката сцена….

    Во Охрид ЗНАМ освои 3015 гласови,додека СДСМ 5534 гласови,додека јас тврдев уште пред два месеци и се опкладив со дузина од политичари,дека СДСМ во Охрид ќе освои максимално 6000 гласови,како и дека на парламентарни избори во 5-та изборна единица ќе освојат максимум 4 пратеници.Пратејќи ја политичката сцена и понуда во Македонија на СДСМ и предвидов максимални 23 до 25 пратеници,што псоле првиот претседателки изборен круг ,се сомневам дека ќе освојат едвај 20 пратеници…

    Зошто го спомнав Јован Мирчески -Пупе? Со неговото споменување ,сакав само да укажам,како тоа еден авро превозник,некогаш ударна тупаница на СДСМ, поддржан од еден доктор анестезиолог ,кандидат за пратеник од ЗНАМ Александар Веслиевски,и еден лекар- стоматолог Александар Маркоски,успеаа во 5-таизброна единица ,без никакви финасиски ресурси , со по едно општиско штабче на ЗНАМ, без никаква партиска структура, да го победат и понижат СДСМ и од нив да направат „магарина“…!!!

    Дајте ново дете!

    П.С. Уредникот ви ја запечати судбината ,со Нагузиќ идеологија ,не се добиваат избори…

    Сашо Денесовски -Лично

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img