More

    Претседателските кандидати уште 5 дена ќе го убедуваат народот да гласа

    spot_img

    Кампањата за Парламентарните избори почнува денеска  со активности на партиите и коалиците за претставување на изборните програми и кандидатите за пратеници во 6 изборни единици. Активности ќе има и за тековната кампања за Претседателските избори која ќе трае уште 5 дена.

    Коалицијата „Европска иднина“ предводена од СДСМ ја стартува парламентарната кампања  со настан „Нема откажување од иднината“ во Скопје, а ќе има и митинзи во Демир Капија и во Гевгелија. Активности ќе има и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, пак, традиционално ќе ја почнат кампањата со митинг во Охрид, а ќе се претстави и кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова.

    Коалицијата „Европски фронт“ најави активности во Скопје  за конститутивна седница  на победничко собрание од Парламентарните избори на 8 мај 2024 и претставување на претседателскиот кандидат Бујар Османи, како и централен митинг во Куманово. Во Куманово митинг ќе има и Движењето ЗНАМ и претседателскиот кандидат Максим Димитриевски. Во Штабот на Коалиција Вреди кај плоштадот Скендербег во Скопје е најавена перс-конференција на претседателскиот кандидат Арбен Таравари и на носителите на листите на кандидати за пратеници во сите изборни единици.

    Претседателскиот кандидат на Левица, Билјана Ванковска кампањата за претставување на изборната програма ја продолжува со митинг во Велес, на кој ќе се обратат и претседателот на Левица и носител на листа на ИЕ1 Димитар Апасиев и носителот на листа на ИЕ3 Борислав Крмов. Најавени се активности и на останатите учесници на  изборите со кандидатски листи Коалцијата „Храбро за Македонија“ која ја сочинуваат ГРОМ, ПЦЕР и Интегра, партиите Македонска Ера Трета, Демократи, Аваја, Твоја партија, Родина Македонија, Единствена Македонија…

    Со потпишување Кодекс за фер и демократски избори претставници на повеќето од политичките партии вчера се обврзаа дека ќе го почитуваат етичкиот кодекс и нема да користат говор на омраза во предизборната кампања.

    – Кодексот е потврда за демократскиот развој за нашето општество дека сите заедно се обврзуваме на принципите на демократијата. Преку потпишувањето на овој Кодекс, потписниците испраќаат порака за фер и почитување на сите правила, закони и прописи, како и почитување на владеењето на правото и правната држава при организирање на изборите – порача претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img