More

    Пратеничката Панова за изборот на Џафери јуниор за обвинител

    spot_img

    Изборот на синот на Талат Џафери за обвинител, за кој ДКСК отвори постапка дека положил правосуден пред да заврши факултет, е директен удар врз правосудството, истакна Ели Панова, пратеничка и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Само вистина” на телевизијата Канал 5.

    – Секој има право да конкурира, да се запише, да направи одреден успех, и да се рангира на одредена листа. Меѓутоа, за лица за кои што постојат сомневања, и притоа ДКСК отворила предмети, како што е на пример случајот со синот на Талат Џафери, за кој што излезе во јавноста дека всушност без завршен факултет полагал правосуден испит, и утре треба да биде обвинител или судија, е директен удар врз судството и обвинителството. Впрочем, како ние утре да веруваме дека некој од овие лица ќе дели правда, кога се отворила ваква дилема без да биде притоа затворена за јавноста и без да биде одговорено од институциите од кои што тоа се очекува – рече Панова.

    Таа посочи дека довербата кај граѓаните во судството е драстично падната, и тоа е показател дека државата не се движи во правилна насока.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img