More

    Поранешната на Џони Деп имала секс во тројка со Илон Маск и славната манекенка

    spot_img

    Актерот Џони Деп вчера повторно сведочеше на суд. Тој, имено, ја тужеше поранешната сопруга Амбер Херд за клевета и од неа бара 50 милиони долари отштета.

    „Мојата цел е вистината“, рекол Деп на почетокот на своето сведочење. Следната недела на суд ќе се појави и милијардерот Илон Маск, кој е обвинет дека имал афера со Амбер пред таа да поднесе барање за развод од Деп.

    Илон, наводно, имал секс во тројка со Амбер и манекенката Кара Делевињ во 2016 година во пентхаусот на Деп во Лос Анџелес. Деп исто така ја обвини својата поранешна сопруга дека била во врска со актерот Џејмс Франко додека тие двајца сѐ уште биле во брак.

    Маск во разговорот за порталот „Page Six“ рекол дека никогаш не бил интимен со Кара и дека таа тоа ќе го потврди, и додал дека започнал да се гледа со Амбер еден месец откако таа поднела барање за развод од Деп.

    „Мислам дека никогаш не сум бил во близина на Амбер за време на нивниот брак“, истакнал Маск, а Деп и Амбер ги советувал да ги „закопаат воените секири“.

    Меѓутоа, еден од претходните сведоци, Џош Дру, поранешен сопруг на најдобрата пријателка на Амбер, Ракел „Роки“ Пенингтон, на прашањето на адвокатот на Деп за аферата на Амбер со Кара, одговорил потврдно.

    „Дали Роки ви кажа дека Амбер Херд имала афера со Кара Делевињ додека била во брак со Џони Деп?“, го прашал адвокатот.

    „Да, таа ми го кажа тоа“, одговорил Џош.

    Тој, исто така, потврдил дека Амбер имала секс во тројка со Илон и Кара. Адвокатите на Деп наводно имаат четворица сведоци кои велат дека го виделе Маск како оди во пентхаусот на Деп.

    Да потсетиме, Деп и Херд беа во турбулентен брак од 2015 до 2017 година. Деп од поранешната сопруга бара отштета од 50 милиони долари бидејќи таа за „Washington Post“ во 2018 година тврдеше дека била жртва на семејно насилство.

    И покрај тоа што во написот не се споменува името на Деп, тој тврди дека текстот му ја уништил репутацијата и кариерата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img