More

    Поради одлуката на Нетанјаху: Блокиран аеродромот во Тел Авив

    spot_img

    Поради штрајкот, прекинати се летовите на „Бен Гурион“, најголемиот меѓународен аеродром во Израел, јавува Анадолија.

    Израел веќе 12 недели е место на протести против владините планови за воведување реформи во правосудството кои опозицијата ги гледа како обид за намалување на овластувањата на судството во корист на извршната власт.

    Синдикатот на аеродромските работници во Израел објави дека штрајкува откако владата не го суспендираше планот за реформи во правосудството.

    Локалните медиуми објавија дека сите летови на аеродромот Бен Гурион се суспендирани.

    Израелската национална федерација на синдикати на државни службеници денеска предупреди дека ќе започне генерален штрајк доколку израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не го суспендира својот план за судски реформи.

    Најголемиот синдикат во земјава „Хастадрут“, како и синдикатот на лекарите најавија штрајк.

    Нетанјаху синоќа го отпушти министерот за одбрана Јоав Галант, еден ден откако шефот на одбраната ја повика владата да ја запре контроверзната судска реформа.

    Разрешувањето на министерот предизвика масовни протести кои траеја до утрово.

    Реформата, предложена од министерот за правда Јарив Левин, ќе биде најрадикалната промена досега во системот на владеење во Израел.

    Планираната промена сериозно ќе ги ограничи овластувањата на Врховниот суд на правдата, ќе и даде на Владата овластување да избира судии и ќе ја прекине практиката државниот обвинител да назначува правни советници во министерствата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img