More

    Поднесена жалба пред судот во Лозана

    spot_img

    Руската фудбалска федерација и официјално поднесе жалба до Судот за спортска арбитража (CAS) во Лозана, по одлуката на ФИФА и УЕФА да ги исфрли од меѓународните натпреварувања сите руски национални репрезентации и клубови.

    Руската фудбалска репрезентација требаше на домашен терен на 24 март да ја пречека Полска во полуфиналниот бараж натпревар за пласман на Мундијалот во Катар, а поради суспензијата и московски Спартак е исфрлен од Лигата на Европа и нема да го одигра осминафиналниот дуел против Лајпциг в четврток.

    Во својата жалба до судот во Лозана, руската страна бара „повторно вклучување на сите руски репрезентации и клубови во натпреварувањата на ФИФА и УЕФА“, објави CAS.

    Судот најави дека „ќе бара став од сите вклучени страни“, а „нови информации околу жалбената постапка ќе може да изнесе во ново соопштение за неколку денови“.

    ФИФА и УЕФА на 28 февруари донесоа одлука за суспензија на руските репрезентации и клубови, како одговор на инвазијата на Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img