More

    Почина Владимир Плавевски, раскажувач, романсиер и драмски писател

    spot_img
    Владимир Плавевски е роден во 1948 година во Скопје. Беше раскажувач, романсиер и драмски писател. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 2000 година.
    Плавевски ги објави книгите:„Папарацо-феномен на денешнината“ (1997), „Градител на боговите“ (драма, 1997), „Фотографија“ (учебник, 1998), „Играч на Фанта“ (збирка раскази, 1999), „Амкање“ (збирка раскази, 2001), „Ловец на самовили“ (збирка раскази, 2004), „Поплава“ (збирка раскази, 2006), „Цена од Ново маало“ (роман, 2009), „Последниот Сплавар на Вардар“ (роман, 2010, а неговото второ издание „Сплаварот“, 2012, е преведено на бугарски и на полски), „Вистински приказни“ (збирка раскази, 2011), „Јадица“ (роман, 2013), „Комита“ (роман, 2015), „Земјотрес“ (роман, 2017) и други.
    Владимир Плавевски има освоено повеќе награди за неговите раскази, а со романот „Јадица“ ја добива наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“ за 2013 година.
    Автор е на сценарија од кои за МТВ до сега се снимени над 40 епизоди од играната серија „Еурека“, „Прекалени“, „Светски бајки”, „Македонски бајки“, и „Златни басни“.
    Сценарист на ТВ филмовите: „Состојба пред инфаркт“ (1987 год., режија З. Младеновиќ – Окан), „Бог да ги убие шпионите“ (1993 год., режија А. Алексов) и „Вампирџија“ (2002 год., режија Г. Тренчовски).
    Преку Советот за радиодифузија во 2005 год. е реализиран неговиот проект „Бои во времето“; во 2007 год. ТВ филмот „Нави“ а во 2008 год. го режира ТВ филмот „Мултиплеј“. За Македонското радио му се снимени 10 радио драми.
    Неговите драмски текстови „Пипа Ритам“, режија Р. Бурхан (1986), „Балерината“- режија Б. Брезовец (1994), „Кралот Хамлет“ (1995) режија Б. Брезовец и „Каста Дива“ (1997), режија на Б. Брезовец, детскиот драмски текст „Трагачи по виножитото“ во режија на С. Билал (1988) и „Министерот и јас“ во режија на Д. Наумовски (2002 год.) се поставени на сцената на Турскиот театар во Скопје; Драмата „Раскол“ во режија на Б. Брезовец во Народниот театар Куманово, 1998 год.; Драмата „Операција Лир“ во режија на В.Талески за Народниот театар „Антон Панов“ во Струмица во 2002 год.
    Има одржано над 20 самостојни изложби на фотографија.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img