More

    Почина индискиот магнат, Субрата Рој, основачот на Сахара Индија Паривар

    spot_img

    Индискиот магнат, Субрата Рој, основачот на Сахара Индија Паривар, почина денеска, на 14 ноември, на 75-годишна возраст, соопшти „Сахара груп“.

    Во соопштението се вели дека тој починал од срцев удар. Бил болен од рак, имал висок притисок и се борел со дијабетес. Бил примен во болницата на 12 ноември, откако му се влошило здравјето.

    Роден на 10 јуни 1948 година, во Арарија, Бихар, Рој беше истакната фигура во индискиот бизнис. Имаше огромна империја која опфаќаше различни сектори: финансии, недвижности, медиуми и угостителство.
    Во 2014, врховниот суд на Индија нареди притвор на Субрата Рој поради спор со Одборот за хартии од вредност на Индија, што довело до долга судска битка, по која заврши и во затвор.

    Поранешниот премиер Никола Груевски го донесе Субрата Рој во Македонија и го најави како голем инвеститор.

    Тој се поврзуваше со изградба на голем туристички комплекс во Љубаништа, купување на агрокомбинатот „Џумајлија“, како и како донатор на недовршениот споменик на Мајка Тереза на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img