More

    Почина британскиот композитор Монти Норман

    spot_img

    Британскиот композитор Монти Норман, авторот на оригиналната музичка тема за филмовите за познатиот агент 007 Џејмс Бонд, почина на 95-годишна возраст, објавено е на веб-страницата на уметникот.

    „Со голема тага ја споделуваме веста дека Монти Норман почина на 11 јули 2022 година, по кратко боледување“, се вели во објавата на страницата, покрај која стои црно-бела фотографија на Норман.

    Уметникот ја сними музиката за првиот филм за Џејмс Бонд од 1962 година „Доктор Но“ со Шон Конери во главната улога. Меѓутоа, таа музика не ги убедила продуцентите кои потоа побарале од Џон Бери да ја компонира музиката.

    Бери, кој е познат по неговата музика во култните филмови, меѓу кои и „Midnight Cowboy“, само ја коригирал оригиналната тематска музика. Потоа барал авторски права.

    Во 2001 година, на Норман му беше досудена отштета на судењето од „Сандеј тајмс“, кој му ја припиша неговата музика на Бери. Норман добил 30.000 фунти (околу 48.000 евра) од весникот како компензација за статија објавена во октомври 1997 година.

    Уметникот компонираше и напиша песни за музичарите Клиф Ричардс и Томи Стил, како и за мјузикли.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img