More

    Орбан го блокираше договорот на ЕУ тежок 50 милијарди евра

    spot_img

    Унгарија го блокира договорот на Европската унија за 50 милијарди евра за Украина од буџетот на Унијата, а лидерите на ЕУ одлучија да се вратат на дискусија во јануари.

    Тоа го изјави холандскиот премиер Марк Руте кој прецизира дека 26 земји од ЕУ се согласиле да и обезбедат на Украина пари од буџетот на ЕУ до 2027 година, но Унгарија била против тоа, а потребна е едногласна одлука.

    – Имаме уште малку време, Украина нема да остане без пари во следните неколку недели. Се договоривме со 26 земји. Виктор Орбан, Унгарија,  уште не можеше да го стори тоа. Сосема сум уверен дека можеме да постигнеме договор на почетокот на следната година, околу крајот на јануари – изјави Руте додека ги напушташе разговорите.

    Неколку дипломати изјавија за ДПА дека Орбан ги спречи лидерите на ЕУ да постигнат договор за пакетот финансиска поддршка. На социјалната мрежа Х, порано позната како Твитер, Орбан напиша дека лидерите на ЕУ ќе го разгледаат договорот повторно следната година „по соодветна подготовка“.

    Одлуката за нов пакет помош за Украина беше отежната поради фактот што продолжувањето на финансиската поддршка за Киев е дел од законскиот предлог за опсежна ревизија на долгорочниот буџет на ЕУ.

    Европската унија работи со седумгодишни буџет – системи, а сегашниот заеднички буџетски период е до 2027 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img