More

    Јелена Розга во февруари со концерт во Скопје

    spot_img

    Во една од највозбудливите вечери во загрепската Арена, публиката доживеа вистински спектакл кога хрватската кралица на поп музиката Јелена Розга, заедно со Лепа Брена, како специјална гостинка на концертот на Александра Пријовиќ, излегоа на сцената. Оваа неодолива комбинација предизвика експлозија од емоции и восхит кај присутните фанови, а по тој повод Јелена ги одушеви присутните со својот препознатлив глас, неоспорен шарм и неизмерна енергија.

    Со импресивен настап и изведба на некои од нејзините најголеми хитови, додека споделуваше емотивни моменти со своите фанови, Розга покажа зошто ја сметаат за кралица на попот на регионалната музичка сцена.

    И додека Загреб и целиот регионот сè уште се под импресии од овој спектакуларен настап, Јелена се подготвува за уште еден незаборавен концерт, оној што ќе го одржи во Скопје! Во рамките на својата регионална турнеја „Минуте срца мог“ (Minute srca mog), Розга по распродадените концерти во Загреб, Белград и Нови Сад, закажа настап со својата публика во Македонија на 10 февруари во Арената Борис Трајковски.

    Судејќи според интересот, нема сомнеж дека овој концерт ќе биде еден од оние кои вечно ќе се паметат, а влезниците се достапни преку веб-страницата efinity.rs, но и преку бесплатната апликација eFinity, како и преку веб-страницата www.kupikartizase.com и на сите нивни продажни места.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img