More

    Општина Охрид: Лошо е кога луѓе кои не живеат во Охрид, пишуваат за нереализирани проекти во Охрид

    spot_img

    Лошо е кога луѓе кои не живеат во Охрид, пишуваат за нереализирани проекти во
    Охрид. Претпоставувам дека многу полошо е чувството да си принуден истото да го
    читаш, иако знаеш дека тоа нема допирна точка со реалноста, впрочем тоа е
    забележително и од фацијалните експресии.
    Општина Охрид и Јавните претпријатија кои произлегуваат од општина Охрид ги
    затекнавме во очајна состојба. Презадолжени и работење во загуба. Но со план и
    визија, за 2 години јавните претпријатија ги консолидиравме и од загубари ги
    претворивме во самоодржливи. Притоа обновувајќи дел од механизацијата и набавка
    на нова. Општина Охрид е на прагот да се раздолжи и после многу години се
    овозможува нејзино нормално функционирање.
    Иако презадолжени, ги реализираме ветените проекти и некои други кои
    произлегуваат од секојдневната комуникација со граѓаните, паралелно враќајќи ги
    и долговите кои ни ги оставивте.
    Со вас можам да се сложам дека немаме изградено само 4 терени за баскет, туку
    се многу повеќе. За илустрација, многу повеќе отколку што во годините кои сте
    на власт има изградено Агенцијата за млади и спорт. Ама не се само терените што
    се повеќе, туку тука се и реконструкциите на основните и средните училишта и
    сите објекти на градинката, бидејќи градинката не е само централниот објект.
    За волја на вистината катната гаража и плоштадот „Крушевска република“ не се
    изградени, затоа што кога воочивте дека оваа Локална власт има капацитет и
    можност самостојно да реализира капитални проекти веднаш почнавте да
    поставувате сопки. Две години не издавате одобрение за градба и претходно
    конзерваторско мислење.
    Како никоја претходна локална власт, сме посветени на поддршката и помошта на
    сите категории лица со посебни потреби. Во просториите на поранешната касарна
    отворивме Дневен центар за лица со церебрална парализа, воведовме стипендии,
    даваме финансиска поддршка, материјална и секоја она што им е потребна, а која
    произлегува од секојдневната комуникација со нив. Нешто што за вас е
    незамисливо, да се комуницира со луѓе.
    Иако не ветивме во предизборната кампања, работевме на создавање на услови за
    отворање на нови производствени погони на странски компании, кои значат нови
    вработувања и подобрување на пазарот во градот. Едната е словенечка и таа се
    занимава со производство на пловни објекти на сончева енергија и воздушни
    подлоги за гимнастика од кои веќе донираа во две училишта, и една германска за
    производство на печки на пелети.
    Навистина е дегутантно да се дебатира со вас за реализација на проекти, имајќи
    предвид дека пред почетокот на туристичката сезона го затворивте влезот на
    Охрид со изговор дека тоа е за добро на Охриѓани и дека се прави за што поскоро
    да завршат градежните активности на фамозниот автопат Кичево – Охрид, за да
    вчера изјавите дека повторно рокот за негова изградба ќе го пробиете и дека
    постои веројатност никогаш да не го завршите.
    Кога обвинувате за неспособност погледнете си го сопствениот двор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img