More

    Пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје се собираат поддржувачи во пресрет на резултатите од вториот круг на претседателските избори и парламентарните избори

    spot_img

    Пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје се собираат поддржувачи во пресрет на резултатите од вториот круг на претседателските избори и парламентарните избори.

    Првичните резултати од денешниот втор круг претседателски избори што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница, покажуваат дека од обработени речиси половина од гласачките ливчиња, води кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова со освоени 235.552 (63,42 проценти), а Стево Пендаровски од СДСМ има 111.703 (30,07 проценти).

    Првичните резултати од денешните парламентарни избори што ДИК ги објавува на својата веб-страница, покажуваат дека од обработени 54,36 отсто од избирачките места, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ има освоено 188.616 (39,14%), Европски фронт на ДУИ 84.156 (17,46%), Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ 69.445 (14,41%), а Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 63.641 (13,21%).

    Од друга страна, врие од полиција на плоштадот во Тетово.

    На снимката што ја објави ТВ21 се гледаат специјални полициски возила како се распоредени во центарот на Тетово, каде што вечерва се очекува симпатизери на политичките партии да излезат и да го прослават успехот на својата политичка опција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img