More

    Христијан Мицкоски – Очекувам дефинирање на дата за изборите

    spot_img

    Очекувам следната недела да има сериозен напредок на дефинирање на деталите за изборниот процес и дефинирање на датум за следните избори, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешниот престој со теренски активности на партијата во Прилеп.

    – Треба што поскоро да заврши дискусијата околу техничките препораки и измени во Изборниот законик кои се дел од препораките на ОБСЕ и ОДИХР, бидејќи доцниме и сме влезени во фазата шест месеци пред избори. Мислам дека следната недела ќе има сериозен напредок на таа тема. Очекувам и дефинирање на дата за изборите. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен – парламентарните и претседателските избори треба да бидат заедно во почетокот на мај и да не ги трошиме дополнително парите на граѓаните – изјави Мицкоски.

    Тој нагласи дека сега работат на терен и на воспоставувањето „коалиција“ со граѓаните за да се слушнат нивните барања и потреби и додаде дека не е отворено прашањето за коалицирање со други политички субјекти.

    При денешниот престој во Прилеп во рамките на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ ќоја вклучува повеќе теренски активности, Мицкоски повтори дека повеќе од 250 милиони евра годишно ќе бидат реалоцирани од централниот буџет кон општините. Во Прилеп во еден четиригодишен мандат ќе бидат инвестирани до 34 милиони евра помеѓу 8 и 8,5 милиони евра годишно.

    – Добрата вест е дека за неколку месеци од денеска ќе имаме Влада на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Влада која што на целата територија на Македонија во сите општини, без разлика дали градоначалникот е од редот на ВМРО-ДПМНЕ или не, сакаме насекаде да инвестира – рече Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img