More

    Олаф Шолц воведе санкции на Русија,Германија го запре Северен тек 2

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот призна два одметнати проруски региони во источна Украина и и нареди на руската војска веднаш да започне „мировна операција“. Западните земји прво се заканија со санкции, а набрзо презедоа акција.    Обединетото Кралство беше првата која започна пакет економски санкции против Русија. Осуда на одлуката на Путин стигна и од Италија и Турција, Украина ги повикува сојузниците да не се двоумат да воведат санкции, а самата вели дека размислува за прекин на дипломатските односи со Русија.Сепак, најголемиот удар на Русија ќе и нанесе одлуката на германскиот канцелар Олаф Шолц да го стопира проектот за гасоводот Северен тек 2.

    Германија го запре Северен тек 2

    Поради ескалацијата на руско-украинскиот конфликт, германската влада го запира процесот за одобрување на Северен тек 2, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.

    Гасоводот беше завршен во септември, но сè уште не е во функција, а Шолц сега го стопираше проектот за сертификација, велејќи дека околностите се значително променети и дека нема начин да напредуваме поради најновите руски потези.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img