More

    Од 130 компании државата собра 37,5 милиони евра

    spot_img

    Заклучно со вчера, 8 ноември, од 130 компании се наплатени 2,3 милијарди денари по основ на данокот на солидарност. Оваа обврска ја имаат 156 компании, меѓу кои и едно јавно претпријатие, со вкупен износ од 3,29 милијарди денари. 26 компании сѐ уште не ја подмириле обврската и вкупно должат 726,6 милиони денари, и покрај рокот што им е даден од Управата за јавни приходи.

    Најголем износ, од 257,3 милиони денари, се уплатени  од една скопска компанија  со дејност леење челик, која за 2022 година имала вкупен приход 11,3 милијарди денари.

    Директорката на УЈП Сања Лукаревска на брифинг со новинарите денеска соопшти дека речиси половината од компаниите што не ја исполниле обврската се од Скопје (12), а останатите се од Неготино, Струмица, Гевгелија, Делчево, Битола, Прилеп, Чучер Сандево, Гостивар, Слупчане, Желино, Охрид.

    Дејностите на компаниите што должат се различни – две фирми се од дејноста коцкање и обложување, две за изградба на станбени и нестанбени згради, две компании со дејност трговија со дрва, градежни материјали и санитарија, потоа трговија на големо со хемиски производи итн.

    Немањето средства е најчесто причината што овие компании ја наведуваат за неисполнетата обврска за плаќање на данокот на солидарност.

    -Најголемиот должник, а воедно и компанија со најголема пријавена обврска, е скопска компанија од среден обем, чија дејност е трговија со електрична енергија, која остварила вкупни приходи од  13,2 милијарди денари и должи 294,6 милиони денари – рече Лукаревска.

    УЈП има доставено опомени. Од 26-те компании што ја должат обврската, 6 направиле пребивање, што е дозволено, а 3 компании се во режим на репрограм односно одлучиле да плаќаат на 3 рати (октомври, ноември, декември).

    Рокот за компаниите што нема да ја исполнат обврската останува 24 ноември кога ќе следува блокирање на сметката.

    -Пративме опомени, потоа ќе доставиме и решенија и на крај блокирање на сметките. Но, до денот на блокадата, сепак, ќе ги контактираме за да видиме каква е состојбата – рече Лукаревска, додавајќи дека целта на УЈП не е да ги блокира, туку да се најде решение.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img