More

    Зеленски беше ироничен во интервју, а во САД беше наречен „комичар во воени панталони“

    spot_img

    Во разговор со новинарите на Ројтерс, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека понекогаш мисли дека со планетата подобро ќе управуваат кучиња, а не луѓе.

    – Понекогаш, кога ги гледам сите овие војни или кога ја гледам кризата на Блискиот Исток и Африка… Понекогаш го гледам сето тоа и мислам дека најдобар начин е оваа планета да биде планета на кучиња – рече Зеленски откривајќи дека кучињата го релаксираат во моментите кога поминува време со сопругата и со децата.

    Зеленски за Ројтерс рече дека Украина сепак ќе се обиде да даде резултати на бојното поле до крајот на годината и дека останува сигурен дека Киев на крајот ќе има успех во војната и покрај тешкотиите на фронтот. Тој призна дека контраофанзивата оди бавно на југ, но и дека Украина има воен план за 2024 година.

    Во друго гостување за Ен-Би-Си тој сепак рече дека не сака да се бори целиот свој живот:

    – Имам многу сила, но дури и ако се чувствувам силен и имам многу енергија, тоа не значи дека сакаме да се бориме цел живот затоа што цената е висока. Затоа што војната го одзема најдоброто од нас, најголемите херои, најдобрите мажи, жени, деца. Тоа е тоа. Но, ние не сме подготвени да му ја дадеме нашата слобода на овој терорист Путин. Тоа е тоа. Затоа се бориме – изјави укрианскиот претседател.

     

    Во меѓувреме, Зеленски беше наречен „комичар во воени панталони“ на дебатата на претседателските кандидати во САД. Коментарот го даде Вивек Рамасвами, Републиканецот кој има индиско потекло. Тој вели дека би ја прекинал помошта за Украина ако дојде на власт.

    За разлика од помошта за Украина, републиканските кандидати му ветија безусловна поддршка и помош на Израел во борбата со групата Хамас. Кандидатката Ники Хејли рече дека „последното нешто што треба да направиме е да му кажеме на Израел што да прави. Единственото нешто што треба да направиме е да ги поддржиме и да го елиминираме Хамас“.

    На истата расправа, Доналд Трамп ја коментираше војната во Израел велејќи дека „главата на змијата е Иран“ и дека „САД не можат да продолжат да гаѓаат магацини во Сирија“. Неговиот републикански колега и најголем ривал во трката, Рон Де Сантис, рече дека „би му рекол на Биби (Нетанјаху): „Заврши ја работата еднаш засекогаш со овие касапи Хамас, тие се терористи“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img