More

    Обвинување на СДСМ за судирот Мицкоски-Арсовска

    spot_img

    Кавгите за лични интереси се закануваат да го блокираат тендерот од 136 милиони евра наменет за пречистителна станица. ВМРО-ДПМНЕ заради бизнис интереси и пари го загрозува проектот за пречистителна станца во Скопје и предизивкуваат директна штета на граѓаните и на градот Скопје – обвини СДСМ во соопштение,

    „ВМРО-ДПМНЕ само се фати со рацете во медот, се искараа меѓусебе за пари, бизнис интереси и тендер од 136 милиони евра. Ова го потврди вистинското, криминално лице на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ. Кавгите, за лични интереси се закуваат да го блокираат тендерот од 136 милиони евра наменет за пречистителна станица, и го доведуваат под прашање овој капитален проект, важен за граѓаните, финансиран од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој. Додека тие се караат, Скопје цела година стагнира. Граѓаните не ги интересираат односите на Арсовска и Мицкоски, дали им се нарушени, дали со тоа кријат нешто друго или не. Скопјани очекуваат развој на градот, реализација на ветените проекти кои никаде ги нема“ – се вели во соопштението на СДСМ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img