More

    Најмногу дожд наврна во Лазарополе, најмалку во Тетово

    spot_img

    Најмногу дожд изминатите 24 часа наврнал во Лазарополе, 28 литри на метар квадратен, а најмалку во Тетово, три литри.

    Како што информира УХМР, до осум часот утрово се измерени 23 литри на единица површина во Гевгелија, 20 во Охрид, 19 Струмица, Тополчани, Претор, Берово, Крушево, 17 Пожар, 15 Прилеп, Д.Капија, 14 Битола, Виница, 13 Кр.Паланка, Маврово, 12 Штип, 10 Пожаране, 9 Скопје – Петровец, Ѓуриште, Попова Шапка, како и 7 во Скопје – Зајчев Рид.

    Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Во текот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен северен ветер, што ќе услови значително опаѓање на дневната температура. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени. УВ индексот ќе биде 5.

    Во Скопје, претпладне променливо облачно со услови за слаб дожд, а во текот на денот сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 20 степени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img