More

    Објавена прогноза за зимата: Податоци кои ги изненадија дури и метеоролозите

    spot_img

    Агенцијата ќе ја обнови својата зимска прогноза следниот месец кога ќе бидат активни сите подвижни сили кои го одредуваат времето во зимските месеци, па прогнозата веројатно ќе биде нешто попрецизна.

    Температурите оваа зима ќе бидат една од главните грижи на Европејците кои се справуваат со зголемувањето на цените на енергијата. Степен повисок или понизок одамна немал толку важна улога, а метеоролозите ширум континентот работат на тоа да дојдат до најточните можни проценки за овогодинешната грејна сезона.

    „Изгледа дека зимата ќе биде потопла од вообичаено“, изјави за АФП Карло Буонтемпо, директор на програмата за следење на климатските промени Коперник.

    „Сепак, сè уште постои значителна шанса за блокирање на протокот што може да донесе студен воздух и слаб ветер над Европа“, забележува тој.

    Блокирањето на струите во зима често носи стабилно, но екстремно студено време. Коперник вообичаено произведува сезонски прогнози за Европскиот центар за временски прогнози (ECMWF).

    „Ни се чинеше дека овие настани може да се случат во ноември, но сега се чини дека ќе има значително продирање на студ во декември“, рече Буонтемпо, уште еднаш потсетувајќи дека синоптичарите го прогнозираат времето, но не можат да го предвидат.

    Европската зима се очекува да биде потопла поради глобалниот временски феномен „Ла Нина“, кој е поврзан со заладување на површинските температури во централниот и источниот екваторијален Тихи Океан. Агенцијата ќе ја обнови својата зимска прогноза следниот месец кога ќе бидат активни сите подвижни сили кои го одредуваат времето во зимските месеци, па прогнозата веројатно ќе биде нешто попрецизна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img