More

    Нов скандал во СВР Охрид – Воаејри полицајци уништувале приватност на граѓани за приватни нивни цели !!!

    spot_img

    Нов скандал го тресе СВР Охрид и ,повторно по којзнае кој пат до сега главни актери се униформирани полициски службеници ,кој си земале толкави големи овластувања кој не се пропишани со Закон,а тие повторно се поставиле над законите навлегувајќи како закоравени воајери во приватноста на граѓаните1

    Наместо да спроведуваат закони и ги штитат граѓаните,полицајците ги штитат криминалците!!

    – На ден 17-11 -2023 година ,лице од с.Пештани Општина Охрид , противправно од автомобил одзема мобилен телефон од граѓанин.Граѓанинот истиот ден во ПС од ОН Охрид која е дел од СВР Охрид ,оди со намера да поднесе пријава против сторителот на кривичното дело.

    Но наеместо полициските службеници да ја примат пријавата од граѓанинот кој патем е и оштетено лице и постапката да има нормален законски тек,оштетеното лице – пријавите од страна на командирот на ПС од ОН Охрид Сашо Дончевски ,било убедуван настанот да не го пријавува, зошто тој команбдир на ПС од ОН Охрид  со сторителот на кривичното делобил „голем пријател“ и тој вечерта гарантирал дека сторителот на к.д.телефонот ќе го врател утрото на ден 18-11, според зборовите на командирот Дончевски-„Пијан е сега сабајле да се отрезни ке ти го врати“!!!
    – Но наместо телефонот да  биде вратен , истиот од страна на пријавеното лице беше злоупотребен , поточно од негова страна бил најавен на профили на социјалните мрежи „фејсбук“ и „ истаграм“,каде истиот во име на привавителот од неговиот  профил во негово име објавувал непристојни содржини.
    – На ден 18-11-2023 година на записник во ПС од ОН Охрид оштетениот граѓанин повторно целиот настан го пријавува на записник и побарал полицијата да постапи согласно законските обврски и да биде обебзеден телефонот .

    Според сознанијата до кој дошел оштетениот граѓанин,сторителот на кривичното дело одземениот мобилен телефон го предал на полициски службеници самоволно на ден 20-11-2023 година.Но наместо полициските службеници да го повикаат оштетеното лице и да и го предадат телефонот ,полицајците отишле многу подалеку од нивните законски овластувања.Имено коандир и полициски службеници од СВР Охрид , според оштетеното лице, го ујлучиле мобилниот телефон и без налог на Јавен обвинител и судија на претходна постапка започнале неовластен преглед на мобилниот телефон за лично нивни криминалистички цели.Како што дознава оштетеното лице , истите ги читале нејзините СМС пораки со други лица, пораки на Ватц Ап и Вајбер, како и пораки од месинџер на Фејсбук, парвели скрин – шот од пораките,како и навлегле во делот на фото-видео фајлови на телефонот на оштетеното лице и правеле и од тие фајлови копии за наводни нивни некои приватни и службени дејствија кои имале цел да ги применат против нивни неситомисленици, со цел да ги уценуваат!!!

    Нарушување на приватноста секако дека преставува кривично дело, исто како што преставувакривично дело -Упад во компјутерски систем (телефонскиот уред се смета за компјутерска единица), но направиле и к.д. злоупотреба на службена положба и овластување, како и к.д. послужување во вршење на службата,а го прекршиле во целост и Закон за Полиција и едноставно за вакви лица,секако дека не треба да има место во бебзедносни служби,а уште повеќе на двајца од прекршителите по наитно е потребно да им биде одземен и БЕЗБЕДНОСНИОТ СЕРТИФИКАТ кој го поседуваат,зошто отворено се поставува прашање колку пати до сега го прекршиле истиот за приватни цели????

    НА ПОТЕГ Е ВНАТРЕШНАТА КОНТРОЛА НА МВР И ЈО!

    Оштетеното лица од ваквото полициско самоволие за целиотѕ настан поднесол пријава до СВР Охрид и до СЕКТОР ЗА ВНАТРЕШНА КОНТРОЛА И ПРОФЕСИОНАЛНИ СТАНДАРДИ при МВР на РСМ.Трагигоична била ситоацијатѕа во архивата во СВР Охрид ,кога вработените во архивата од кога ја прочитале пријава!!!, истата не сакале да ја земат туку граѓанинот го препрајкале да оди кај некои други испектори ,кој во тој момент не биле тука, па да дојдел при крај на работно време или утре и други слични глупости ,небаре архивата на СВР Охрид прима дописи само за астронаути са НАСА!!! Нека добро се распраша началникот на СВР Охрид како функционирала архивата и како се враќаат граѓани кога сакаат да пријават полициска анархија!!

    Дека овој случај ќе мора да добие разрешница сакале или не раководниот кадар на СВР Охрид, ќе добие ,зошто правата и приватноста на граѓаните се неприкосновени права , и ниту едно вајјно командирче или полициски службеник не може да биде над законите во Македонија.За истиот наста веќе се известени и дел од амбасадорскиот кор во РСМ, а ние ноивинарите будно ќе ја следиме разрешницата од целиот настан,зошто доста беше тепање на граѓани, доста беја полициски злоупотреби на најкриминалното СВР на ниво на МВР,кое пате со одредени постапки кој ги правеле полицајци од ова СВР ,преставува срам за македонската полиција.

    С.Денесовски

     

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img