More

    Норвешката принцеза се откажа од кралските должности

    spot_img

    Свршена со самопрогласен шаман и поборничка на контроверзни алтернативни терапии, норвешката принцеза Марта Луиз се откажа од своите службени должности за подобро да ги разликува своите лични активности од должностите како принцеза.

    „Принцезата и нејзиниот свршеник Дурек Верет сакаат појасна разлика меѓу нивните активности и кралската куќа“, соопшти норвешката палата.

    „Ова значи дека таа повеќе нема да ја користи титулата принцеза и нема да ги споменува членовите на кралското семејство на нејзините социјални мрежи, во медиумски продукции или во склоп на други комерцијални активности“, се додава, наведувајќи дека Марта Луиз ќе ја„задржи“ титулата принцеза.

    Најстарата ќерка на норвешкиот кралски пар и четврта во редот за наследување на круната, 51-годишната принцеза реши да започне нов живот со самопрогласениот духовен водич популарен во Холивуд, Дурек Верет. Во јуни објавија дека се свршиле.

    Принцезата, која важи за ексцентрична, тврди дека може да комуницира со ангели, на што се обидува да ги подучи и другите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img