More

    Невротичните луѓе почесто страдаат од овој здравствен проблем, предупредуваат научниците

    spot_img

    Анксиозноста и раздразливоста се поврзани со раните знаци на стареење на срцето, покажа едно британско истражување.

    За да ја истражат поврзаноста помеѓу менталното здравје и работата на срцето, тим од научници од Универзитетот Квин Мери во Лондон ги испитувале снимките од срцето на 36.309 пациенти, кои пополниле прашалник за нивните „невротични особини на личноста“, како што е нестабилното расположение, анксиозност, раздразливост и очај.

    Истражувачите ја поврзаа „поголемата склоност на поединците кон невротични особини“ со послаба вентрикуларна функција, поголема миокардна фиброза и поголемо стврднување на артериите.

    Асоцијацијата беше откриена независно од традиционалните фактори на ризик за проблеми со срцето, како што се пушењето и дебелината, и беше поприсутна кај мажите.

    „Знаеме дека постои поврзаност помеѓу менталното здравје и потенцијалниот развој на кардиоваскуларни болести. Нашата студија покажа дека штетните промени на срцето се забележани кај луѓе со невротични особини на личноста, како што се анксиозност, депресија и прекумерна грижа“, рече Штефен Петерсен, професор по кардиоваскуларна медицина на Универзитетот Квин Мери.

    „Дури и кога се земаат предвид факторите на животниот стил како што се пушењето, телесната тежина и возраста, невротичните особини се чини дека се поврзани со знаци на стареење на срцето“.

    Професорот Петерсен рече дека неговиот тим сега ќе се обиде да открие како овие особини на личноста влијаат на работата на срцето и на ризикот од развој на срцеви заболувања на долг рок.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img