More

    Дури 70% од фабриките го имаат тој проблем, алармира руската гувернерка

    spot_img

    Приближно 70% од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работна сила, изјави денеска гувернерката на Банка на Русија, Елвира Набиулина.

    – На пазарот на трудот влијаат и други долгорочни трендови, особено демографски, додека продуктивноста на трудот заостанува зад растот на платите – нагласи Набиулина, додавајќи дека сите споменати фактори вршат притисок врз руската економија.

    Таа наведе дека истражувањето е спроведено во околу 15.000 руски фабрики.

    Управниот одбор на Банката на Русија денеска одлучи да ја задржи референтната каматна стапка на 16%. Како што се истакнува во соопштението на руската Централна банка, намалувањето на инфлацијата во Русија на посакуваните 4% бара рестриктивната монетарна политика да се одржува подолго од првично планираното.

    Рускиот претседател Владимир Путин вчера предупреди дека на неговата земја сè уште и се заканува раст на инфлацијата, но според него трендовите се позитивни.

    Тој нагласи дека Русија во следните 6 години треба радикално да го зголеми индустриското производство „за десетици проценти“, како и дека нови компании, вклучително и високотехнолошки, треба да се појават буквално насекаде во земјата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img