More

    Националното биро за осигурување в понеделник ќе реферира за новите цени на регистрациите

    spot_img

    Министерството за финансии свика итна седница на Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност за да ги разгледа сите аспекти од одлуките на осигурителните друштва за зголемување на премијата и се обрати до Комисијата за заштита на конкуренцијата, со цел да се испита дали се прекршени правилата на фер и конкурентно однесување, а согласно oдредбите од Законот за заштита на конкуренцијата.

    Како што е соопштено од Министерството за финансии, Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на седницата одлучила в понеделник да одржи нова седница на која Националното биро за осигурување треба да поднесе извештај за оправданоста и исправноста на донесените одлуки од страна на осигурителните компании и да преземе соодветни чекори во насока на заштита на крајните потрошувачи.

    „Истовремено, додаваат од  Министерството за финансии, врз основа на добиеното известување од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување, која е регулатор на осигурителниот сектор, денеска се обрати и до Комисијата за заштита на конкуренцијата, со цел да се испита дали се прекршени правилата на фер и конкурентно однесување, а согласно oдредбите од Законот за заштита на конкуренцијата“, се наведува во соопштението.

    Од МФ велат дека нивната Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност, која е составена од членови од Министерството за финансии, Националното биро за осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето  е надлежна за утврдување на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица.

    Премијата,  појаснуваат од Министерството се состои од две ставки:  техничка премија, која ја утврдува Владата на предлог на Комисијата и премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци) што ги утврдуваат осигурителните друштва самостојно со посебна одлука на Друштвото за осигурување.

    „При тоа посочуваме дека техничката премија којашто е дел од премијата за осигурување која ја плаќа договорувачот на осигурувањето-осигуреникот, a која ја утврдува Владата на предлог на Комисијата, останува непроменета. Со донесените одлуки од страна на осигурителните  друштва, кои се доставени до Агенцијата за супервизија на осигурувањето на  23 април 2024 година, а со примена од 25 април 2024 година, е извршена корекција на цената во делот на премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци)“, појаснуваат од Финансии.

    Оттаму додаваат дека вчера Агенцијата за супервизија на осигурувањето, како регулатор на осигурителниот пазар во земјата, ги информирала дека мнозинството друштва за осигурување донеле одлуки и доставиле известување до Агенцијата за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност на 23 април 2024 година со примена од 25 април 2024 година, а со интервенција во делот на премијата за вршење на дејноста осигурување (режиските трошоци) кои осигурителните друштва самостојно ја утврдуваат.

    Министерството за финансии со цел транспарентност и предвидливост на процесите во своето работење практикува инклузивен пристап и кооперативност со засегнатите страни при донесување на одлуките.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img