More

    На жените вдовици во Украина тешко им оди закопувањето на нивните најмили

    spot_img

    Многу украински вдовици претрпеле големи страдања додека ги пребарувале вреќите со останките на загинати војници за да ги пронајдат своите сопрузи кои загинале во војната. Британски Тајмс пишува дека жените се разочарани од својата држава бидејќи ова пребарување може да трае и цела година.

    Трагањето по нивните мажи е тешко затоа што дел од нивните тела се распрскани на различни места од бомбардирањата со ракети и артилерија, а понекогаш останките се мали, па е тешко да се препознае за кого се работи.

    Весникот ја раскажува приказната на госпоѓа Оксана која била информирана дека нејзиниот сопруг исчезнал за време на борбите. Таа постојано барала низз фотографии од мртви војници на екраните на таблите по мртовечниците со надеж дека ќе го најде телото на нејзиниот сопруг.

    Да си ја вршеа добро работата веднаш ќе го погребавме мажот ми

    Таа, исто така, продолжила да се јавува во болниците и полициските станици низ целата земја во потрага по какви било траги што ќе ја расветлат судбината на нејзиниот сопруг. Оксана вели дека нејзините надежи за време на потрагата биле големи, како и стравовите, додека фотографиите од труповите и ја засилиле болката и стравот.

    Таа го критикувала она што се случува, велејќи:

    – Ако некој добро си ја вршеше работата, немаше да ми треба цела година да го барам телото на мојот сопруг. Не би ни требал ДНК тест за докажување на неговиот идентитет, туку само кохерентен систем кој гарантира негова идентификација.

    Оксана го погребала својот сопруг 13 месеци откако тој починал од раните додека бил транспортиран на лекување во Харков.

    Двајца од тројца Украинци имаат близок кој е убиен во војната

    Случајот на Оксана не е единствениот, бидејќи со зголемувањето на бројот на загинатите се зголемува и бројот на неидентификувани тела, што бара семејствата и државните институции да вложат напори за откривање на нивниот идентитет.

    Генералот Марк Мили, началникот на Здружениот генералштаб на американската армија, рече дека Украина претрпе огромни човечки загуби, а уште илјадници војници ги загубија животите по изјавата на американскиот воен командант.

    Гробиштата Краснополски се едни од најголемите во земјата каде се погребуваат војници. На овие гробишта се закопани повеќе од две илјади војници, а подготвени се да примат уште.

    Воениот свештеник Василиј Колоди вели дека понекогаш во ист ден се закопуваат одеднаш по 20 војници.

    Истражувањето кое неодамна го објави Меѓународниот институт за социологија во Киев покажа дека 63 отсто од Украинците имаат роднина или пријател кој бил убиен во војната.

    Телата се осакатени до непрепознатливост

    Украинските форензичари велат дека повеќе од 10 отсто од убиените војници не се идентификувани поради големата штета која напредното оружје ја нанело на нивните тела.

    Поради големиот број трупови и воените околности, речиси е невозможно да се зачуваат докази за идентитетот на загинатите, особено што некои тела се осакатени до непрепознатливост.

    Воениот свештеник Колоди вели дека обично нема погреб за неидентификувани војници, бидејќи тие веднаш само се закопуваат.

    Во случај да се утврди нивниот идентитет по ДНК-преглед, тогаш повторно има закоп но со погребна церемонија.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img