More

    Работниците се помалку ги знаат своите права, а газдите често ги кршат

    spot_img

    Работничките права се кршат, не се почитуваат докрај. Работниците не ги знаат доволно своите права од причина што често се менува Законот за работни односи и тука е улогата на синдикатот. Синдикалното движење на некој начин е ослабнато, синдикатите не се само еден вид на поддржувачи, туку и контролори на тоа како се почитуваат законите во сферата на трудовата легислатива, вели за МИА Андон Мајхошев, универзитетски професор по трудово право на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.

    Мајхошев вели дека работничките права се кршат во приватниот сектор, но и во јавниот сектор каде што државата се јавува како работодавач.

    –  Не се почитуваат докрај правата од работен однос и мислам дека е потребно тука синдикатите да зајакнат повеќе и да бидат поборбени во смисла на заштита на правата од работен однос – вели Мајхошев.

    Според него, работниците без разлика дали се во реалниот или јавниот сектор не ги знаат доволно своите работнички права, од причина што често има измени на Законот за работни односи.

    – И ние што ги следиме перманентно законите понекогаш не затекнуваат. Имаме ситуаиција во која за еден месец одреден закон се менува двапати. Ние ги следиме таквите процеси, па наидуваме на одредени проблеми, а не пак вработените во јавниот и во приватниот сектор, кои ја немаат таа можност и немаат професионална обврска да ги следат тие процеси. Значи не можат и нормално е да не си ги знаат докрај своите права. Затоа тука е синдикатот – вели Мајхошев.

    Тој смета дека треба да се донесе нов закон за работни односи, бидејќи стариот веќе е надминат и бара негово прилагодување кон новите услови на стопанисување.

    Мајхошев се залага за изземање на синдикатите од законот за работни односи бидејќи според него оваа област треба да се регулира со посебен закон.

    – Во Законот за работни односи, делот што се однесува за синдикатите, делот којшто се однесува за Економско-социјалниот совет, се делови кои е непотребно да се наоѓаат во Законот. Тие треба да се отстранат и таа материја да се уреди во посебен закон. Инаку има дискусија и се размислува да се донесе, а тоа е и мој став посебен закон за синдикатите и таму да се утврди положбата на синдикатите, начинот на добивање на репрезентативност, да се утврди кој орган ќе ја дава репрезентативноста, кои критериуми ќе бидат воспоставени, кои проценти. Мислам дека процентите што се дадени во моментов за репрезентативен статус на синдикатите се премногу високи. Тој цензус треба да се симне, да се даде можност и шанса на помалите синдикати, борбени синдикати, но помали по бројност да влезат и во Економско-социјалниот совет, да добијат репрезентативен статус и да дадат нов квалитет на синдикалниот живот и на синдикалната борба во Република Македонија – вели тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img