More

    Студентите ја окупираа зградата на Универзитетот Колумбија

    spot_img

    Десетици демонстранти ја окупираа зградата на Универзитетот Колумбија во Њујорк, ги забарикадираа влезовите и го истакнаа палестинското знаме низ прозорецот, во најновата ескалација на демонстрациите против војната меѓу Израел и Хамас кои се проширија на универзитетските кампуси низ САД, пренесува Асошиејтед Прес (АП).

    Според АП, на видеата кои кружат на социјалните мрежи се гледаат демонстранти во кампусот на Менхетен како поставуваат мебел и метални барикади пред Хамилтон Хол, една од неколкуте згради што беа „окупирани“ и за време на протестите за граѓански права и против војната во Виетнам во 1968 година.

     

    Организаторите на протестот имаа објава на Инстаграм веднаш по полноќ по локално време, во која ги повикуваат луѓето да го заштитат кампот и да им се придружат во Хамилтон Хол.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img