More

    На отворен Балкан да му се приклучат Косово, Црна Гора и БИХ

    spot_img

    Претседателот на Словенија, Борут Пахор денеска во Белград изјави дека се согласиле со српскиот претседател Александар Вучиќ дека Западен Балкан, без оглед на сите недоверби и билатерални проблеми, има доволно политичка волја да се зачува мирот и европската перспектива.

    Тој додаде дека постои можност сите лидери од регионот да се согласат за три прашања.

    – Прво е Србија, Црна Гора, Северна Македонија и Албанија да ги забрзаат преговорите за влез во ЕУ, Босна и Херцеговина да добие кандидатски статус до крајот на неделата, а ЕУ да ја исполни својата обврска за визна либерализација – посочи Пахор.

    Претседателот на Словенија се осврна и на Дијалогот Белград – Приштина, истакнувајќи дека во моментот има помала доверба отколку претходно, како и оти дијалогот не довел до решение што сите го посакуваа.

    Пахор посочи и дека ја поддржува иницијативата Отворен Балкан.

    – Мислам дека проектот Отворен Балкан е создаден така што некои работи, доколку му се приклучат Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, проблемите кои сега изгледаат нерешливи полесно ќе се решат во духот на соработката – наведе Пахор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img