More

    На осмиот ден од мисијата му се придружија овие две русокоси

    spot_img

    Српскиот пејач Никола Роквиќ пред осум дена од хуманитарни причини пеш тргна кон Грција. Си поставил за цел за 30 дена да стигне до Егина, која е оддалечена 1.060 километри од Белград, каде ќе се помоли пред иконата на Свети Нектариј Егински.

    Пејачот пред неколку дена се сретна со семејството, сопругата Бојана Баровиќ и нивните три деца кои ќе го чекаат во Грција. Сега доживеа ново изненадување. Имено, на ова патување осмиот ден му се придружиле неговата мајка Славица Роквиќ и тетката Сузана Милосављевиќ.

    Видеото го објави на Инстаграм, каде што се оглсува уште од почетокот на ова хумано патување.

    – Супер, одиме за Грција – рекоа.

    Пред да открие кој му се придружил во пешачењето, Никола ги известил своите следбеници дека досега се собрани шест милиони динари. Инаку, тој со овој гест сака да ги поттикне луѓето да донираат пари кои ќе бидат насочени за помош на децата кои се лекуваат на онкологија. За еден апарат потребни се 150.000 евра и околу 50.000 евра за реновирање на детската онкологија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img