More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани 31 Март, 2023

    spot_img

    На 30.03.2023, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода М.Т. (18) од Куманово. При преглед кај него на улицата „Пиринска“ во Куманово била пронајдена марихуана, додека подоцна при претрес во неговиот дом извршен со судска наредба биле пронајдени и одземени уште 10 опаковки марихуана и една дигитална вага. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Денеска (31.03.2023) од страна на полициски службеници од СВР Битола на ул.„Стрчин“ во Битола лишени од слобода се А.Ј.(33) и И.Ѓ.(37) од Битола. При преглед кај нив е пронајдена ќеса со грутчеста материја. По документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

    Ноќеска (31.03.2023) околу 03.45 часот, на улица „Мирче Ацев“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 37-годишниот А.К. од тетовски Порој, кој се обидел да изврши кражба во паркирано патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, но бил забележан додека го вршел кривичното дело. Се расчистува и документира случајот по што ќе следува поднесок.

    На 30.03.2023 во 20.45 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода О.Е.(34) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и нож. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    На 30.03.2023 во 14.30 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Ј.В.(35) и М.И.(36) двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    На 30.03.2023 во 15.20 часот во с.Петровец, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Ј.(42) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    Во текот на вчерашниот ден (30.03.2023), во периодот од 10.00 до 14.00 часот, од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава, при што изречени се 243 санкции за сообраќајни прекршоци. При контролата, санкционирани се 31 возач за возење без возачка дозвола, а 10 возила биле со неисправен уред за сопирање…

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (30.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 237 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 79 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл…

    На 30.03.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 25 прекршоци, од кои 13 во населено место и 12 надвор од населено место. Санкционирани биле и 27 други видови на прекршоци, од кои, 9 за управување возило без возачка дозвола, 2 за технички неисправно возило, 2 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за претовар, 1 за непочитување првенство на минување, 7 за некористење сигурносен појас, 4 за непрописно паркирање и 1 за непрописно вградени заштитни фолии.

    На 30.03.2023 од 10.00 до 16.00 часот од страна на полициски службеници од СВР Тетово реализирана е контрола на техничката исправност на возилата. При контролата откриени и санкционирани биле 5 технички неисправни возила (ТЕ-2 и ГВ-3), од кои 4 (ТЕ-1 и ГВ-3) имале неисправни сопирачки, а 1 (ТЕ) неисправни други уреди, системи и опрема. Сите технички неисправни возила веднаш се исклучени од сообраќај и на возачите изготвени им се законски предвидените поднесоци. Покрај тоа, санкционирани биле и 2 возила (ТЕ) поради претовар и други недостатоци.                        Со соодветни поднесоци, исто така, а поради констатирани недостатоци, биле заокружени и 3 прекршоци (ТЕ-2 и ГВ-1) кои се однесувале на управување без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа, 9 (ТЕ) погрешно паркирани возила и 13 други видови прекршоци (ТЕ-10 и ГВ-3).

    На 30.03.2023 вo 23.45 часот било пријавено дека на магистралниот пат Скопје-Граничен премин Долно Блаце во близина на клучка Стенковец било пронајдено починато машко лице кое било удрено од моторно возило. Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција. Се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на лицето и целосно расчистување на случајот.

    На 30.03.2023 во 20.50 часот во Полициската  Центар, С.С.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Васил Ѓоргов“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

    Денеска (31.03.2023) во 08.05 часот во СВР Скопје е пријавено дека во казино на бул.„М.Т.Гологанов“ едно лице пукало во Н.А.(46) од с.Арачиново, со кого претходно играле на апаратите во казиното, по што Н.А. подлегнал на повредите. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

    На 30.03.2023 во 16.50 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.Џ.(38) од Прилеп пријавил дека на ул.„16. Македонска бригада“ бил каснат од куче скитник.

    На 30.03.2023 во 21.00 часот во Полициската станица Аеродром, Ц.Ц.(65) од Скопје пријавила дека на ул.„Ѓорѓи Капчев“ била касната од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img