More

    Поранешниот претседател нема да прави отпор при апсењето?

    spot_img

    Гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис, го критикуваше обвинението против Доналд Трамп и вети дека државата нема да помогне во неговото испорачување на правдата. Но, адвокатот на Трамп, Џо Такопина, изјавил дека неговиот клиент доброволно ќе се предаде. Исто така, ДеСантис нема моќ еднострано да ја укине клаузулата за меѓудржавна екстрадиција на Уставот на САД и најверојатно ќе биде блокиран од федералниот суд доколку се обиде да ја запре екстрадицијата. Според Њузвик, тимот на Трамп преговара со судот околу „предавањето“.

    Тоа не ги спречи новинарите да се соберат на Менхетен и да очекуваат спектакл.

    Де Сантис е ривал на Трамп од неговата републиканска партија. Тој застана зад Трамп и го обвини окружниот обвинител на Менхетен дека е поддржан од Сорос.

    „Користењето на правниот систем за постигнување политички цели го врти владеењето на правото наопаку. Тоа е неамерикански“, напиша ДеСантис на Твитер, пренесе Политико.

    За обвинението се огласи и самиот Трамп.

    – Никогаш досега во историјата на нашата нација тоа не било направено. Демократите мамеа безброј пати во текот на децениите, вклучително и шпионирање на мојата кампања, но никогаш порано не се случило да се искористи судскиот систем за да се казни политички противник, кој случајно е претседател на САД и водечки републикански претседателски кандидат – нагласи поранешниот американски претседател.

    Трамп верува дека овој „лов на вештерки ќе му се одбие од глава на Бајден“.

    – Сите можат да го видат тоа. Нашето движење и нашата партија – обединета и силна – прво ќе го победат обвинителот, а потоа ќе го победиме Бајден и ќе ги симнеме сите овие нечесни демократи од функцијата, па ќе ја направиме Америка повторно голема, заклучи Трамп.

    Асошиетед прес наведува дека од Трамп било побарано да се предаде денес, но неговите адвокати рекле дека на Тајната служба ѝ треба дополнително време додека се подготвуваат за безбедноста на Трамп додека се предава, изјавија за Асошиетед прес две лица запознаени со ова прашање.

    Бидејќи е обвинет за ненасиелен злостор, на Трамп можеби нема да му бидат ставени лисици при приведувањето. Исто така, можно е тој да биде пуштен да се брани од слобода.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img